Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Николовски: Се грижиме за достоинството на сите, за недела да биде неработен ден за сите.

Љупчо Николовски, носителот на листата во ИЕ 3 на коалицијата Можеме, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Николовски, носителот на листата во ИЕ 3 на коалицијата Можеме, денеска беше на средба со текстилни работници. Во својот фејсбук статус, Николовски потренцираше дека ќе се бори недела да биде неработен ден за сите, затоа што сечиј труд вреди.

 

„Со чист образ пред текстилните работнички во конфекцијата ДА, со Емилија Рамбабова и Д-р Сашко Николов ја бараме поддршката за #СДСМ и коалицијата #Можеме, затоа што покажавме дека со домаќинско и одговорно работење може да има подобар живот за сите.

Реклама

За само две и пол години минималната плата од срамни 9.000 денари ја покачивме на 14.500 денари и ја изедначивме и за кожарската и за текстилната индустрија. А до крај на следниот мандат до 2024 година минималната плата ќе биде 20.000 денари!

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше замрзната минималната плата. 11 години цели семејства понижуваше, потценуваше, уништуваше затоа што парите ги крадеа, ги инвестираа во барок, во жални врби.

Почитувани работници, трудот треба да се цени еднакво, затоа што сите заслужуваат подобар живот.

Се грижиме за достоинството на сите, за недела да биде неработен ден за сите.

Затоа, Ве повикувам на 15 јули, со почитување на заштитните мерки, да излезете на гласање и да гласате за бројот 3, за #СДСМ и Коалицијата #Можеме.

Докажавме дека СДСМ носи сигурна и безбедна иднина, а ВМРО-ДПМНЕ носи опасност, страв и небиднина.“

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2754249928129862?__xts__[0]=68.ARABzkgP_6lAxM8i2HC2ZsRp6crMQMskxLTs0gdJIoVTwv-BmzxHjS5bRUS2MYKoESeLs9NnuKngTgnF_64hR2GvYWVK_ATbaBINkzUgi51FqnTcE4F1J4t4Z8hfp-tUbkmNAjR5y7OdXal9rF2cLPbzKRR5sFJyjlLF8qFOu3Ay_DOMgPLrLvwz3y4S2o-K3Kx0jZ0Na_JTqJWtw7twoesazYmZCxHEFNtQkq_5zFCoP-_wUd3-nOznZITV3J87Xkl4qFAweb1wZ_Sv5bctjHy37mNMHCfQsQ-uetfDUv1-JlfAvDYT0WD3jIz9NqMrF_nkw51A_cjrNQRMeSvDU7gQ-lbB&__tn__=-R