Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Николовски ја отвори „пендаровската кутија„: Кој е изралескиот стратешки гуру што смислува изборен успех?

Странски стартег и медиумиски гуру, кој му помагал на Вучиќ, повикан како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странски стартег и медиумиски гуру, кој му помагал на Вучиќ, повикан како „џокер„ да го крева ужасно слабиот рејтинг и да спасува од се поизвесниот пораз на избрите – дали Пендаровски во битката за втор мандат, потајно го ангажирал израелскиот политички „маг“ Асаф Еисин? Пендаровски остро демантира, но дел од медиумите добиле потврда за средба, но без детали дали паднал договор или станувало збор само за кафе муабет. Потенцијалниот скандал го отвори Николоски.

  • „Дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако тие му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во антикорупциската комисија? Зошто ако не го пријави е кривично дело? И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства? Како што би сакал да ги праша овие од СДСМ, дали е вистина или не, дека исто така имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата, кои што ангажираат домашни институти да им прават анкети и бројките се повторно исто лоши.“ – Истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

По ова обвинување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ стигна ескресен демант од кабинетот на Пендаровски, дека досега ниту тој, ниту неговиот кабинет не користеле странски комапнии за анкети и стратегии, а така ќе било и за време на оваа кампања.

  • „За ангажман на анкети и стратези за мојата претстојна кампања се потрошени 0 денари.“ – Напиша Пендаровски на Фејсбук

И покрај упорните, дводневни деманти на Пендаровски, потврда дека странски стратези биле кај претседателот, доби само Радио Лидер, кое објавува дека средба имало, но без детали дали на неа било нешто договорено. Според овој медиум, Пендаровски сепак се сретнал со израелецот Еисин.

Реклама
  • „Информацијата која ја сподели Николоски е точна, Пендаровски имаше консултации со Асаф Еисин. Дали се договорија за изборна соработка или стануваше збор за преговори или некаква форма на консултации околу неговиот наратив, не можам да коментирам“ изјавил изворот на Лидер од претседателскиот кабинет.

Инаку, израелец Асаф Еисин е познат како консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија. Сепак, Еисин не е исклучиво „човекот на Вучиќ“, туку го има употребено своето ПР знаење во политичките кампањи од Триглав до Карпатите.

Претходно тој работел и за Борис Тадиќ, но и за Ненад Чанак, кои своевремено му беа опоненти на Вучиќ. Но подоцна е преземен од страна на српскиот претседател. Досега соработувал со политичари во Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Србија и Романија.

Никола Цветкоски