Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара

Лозовите и овошните насади во атарите на Росоман и селата Сирково и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лозовите и овошните насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија претрпеа најголеми штети од ниските мајски температури, вели Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.  

Како што изјави Николов, откако вчера земјоделци се пожалија на последици од студеното време во мај, првичните сознанија од терен говорат дека најголеми се штетите покрај реките Црна и Луда Мара.

-Се мисли на лозови и овошни насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија. Повидливи се последиците кај лозјата, отколку во овоштарниците – појасни Николов.

Реклама

Тој истакна дека во наредните денови ќе се направат теренски согледувања на штетите од временските неприлики, што не се карактеристични во овој период од годината.

Николов препорача соодветно третирање со биостимулатори и потхранување за да се намали, како што рече, стресот кај лозовите и овошните насади.