Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Николоски: Засекогаш ќе расчистиме со структурите кои се против демократска Македонија

Ако не се расчисти најновиот случај со прислушкување и со следење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако не се расчисти најновиот случај со прислушкување и со следење на политички противници, што го правела АНБ во изминатите години, Македонија ќе продолжи и во иднина да се соочува со вакви злоупотреби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата “Заспиј ако можеш”, кој сподели загрижувачки информации за инсталации на безбедносните служби во сите сфери на општественото живеење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Имаме работа со инсталации кои се во јавниот живот, на универзитетите, во медиумите, во бизнисот, во најмалку една политичка партија и кога ќе го видите целиот овој контекст, се сфаќа колку е голема и тешка битката пред нас“, рече Николоски.

Според потпретседателот на партијата, АНБ наместо да работи на сузбивање на тероризам, што е нивна основна работна задача, тие се занимавале со следење на актуелниот премиер, неговото семејство и функционери од актуелната Влада, а сега кога се фатени на дело, се обидуваат целиот тој криминален процес да го претворат во ријалити шоу и воајеризам.

Реклама

-Целта им е наместо да се зборува дали премиерот, вицепремиерот биле следени или прислушкувани, дали за нив се правеле лажни белешки до партнерски служби, или не, ние ќе зборуваме дали во тие документи има приватни разговори, кавги и сл. Сакаат од целиот процес да направат естрада. Тогаш јавноста нема да зборува дека е рушена демократијата, туку ќе зборува за приватните животи на функционерите“, истакна Николоски кој ги повика обвинителството и судството да реагираат, да ги разгледаат сите материјали, со цел да докажат дека се надвор од овој процес пред јавноста.

Николоски потсети и дека додека службите во Македонија го ределе со етикети како антизападен, како потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа и како член на Комитетот за мониторинг, бил дел од работна група која што испитувала злоупотреба на службите во неколку европски држави.