Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски за изборот на трет мобилен оператор: Граѓаните ќе добијат пониски цени и подобри услуги

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека со влезот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека со влезот на третиот мобилен оператор конечно граѓаните ќе имаат избор на подобри услуги и пониски цени. 

Николоски во гостувањето на една од националните телевизии рече дека најважно е дека со влезот на третиот мобилен оператор ќе се сруши дуополот што пости меѓу двата мобилни оператори. 

– Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со “4iG” и драго ми е дека стигнавме до финале. Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува. Вчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат, рече Николоски.

Реклама

Агенцијата за електронски комуникации вчера донесе одлука со која „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ го избра за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.