Реклама

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Македонија

Николоски во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите – ги развиваме автопатите и железницата

Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на министерскиот состанок во Вашингтон, организиран од Светска банка. 

– Имаме среќа што двата пан европски коридори се пресекуваат во нашата земја. Тоа е Коридорот 10 што го поврзува југот на Европа со северот на Европа и тоа е најдолгиот коридор во Европа. Вториот коридор е Коридор 8 што оди од запад кон исток, започнува во Албанија и завршува во пристаништето Одеса во Украина и сега се смета за втор најважен безбедносен коридор за НАТО. Се обидуваме да ги развиеме двата коридори. Имаме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра што го реализираме на двата коридори,  што потоа отвора нови можности за развој на  бизнисот покрај нив – нагласи вицепремиерот Николоски.

Пред присутните, тој ги потенцира капиталните проекти  што во моментов се реализираат во Македонија, се наведува во соопштението од Министерство за транспорт.

Реклама

– Со нашите партнери и пријатели од Обединетото Кралство работиме на изградба на брза пруга која треба да оперира до 200 км на час за патнички сообраќај  и 120 км на час за транспорт. Потпишавме договор со нашите бугарски соседи за заедничко железничко поврзување на Коридорот 8 и го развиваме овој коридор со финансиска подршка од ЕУ и неколку банки.  Со Светска банка тесно соработуваме на проектот за локални патишта каде во секоја општина градиме локални патишта.  Работиме и на модернизација на најголемиот граничен премин со Албанија, потоа и на најголемиот граничен премин со Бугарија на Коридор 8.  Исто така работиме и на проект со Царината. Тоа е проект за нов едношалтерски систем, кој треба да овозможи товарниот сообраќај да биде многу побрз и многу поефикасен, рече Николоски.

Во своето обраќање посочи и дека веќе се работи на проект преку кој треба да се поврзат Коридорот 10 и Коридорот 4 во Бугарија, а со тоа Македонија да се поврзе кон Турција и Блискиот Исток. Тој се заблагодари за подршката на Светска банка и во делот на финансиите и во делот на експертизата што ја овозможува за Македонија.