Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Николоски: Владата ќе го поддржи Град Скопје за реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ со 70 милиони евра, рокот за завршување е февруари 2029

Владата на денешната седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на денешната седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток – Запад и втората Север – Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ-возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во градот. Ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.

За владината одлука информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на „Фејсбук“ нагласувајќи дека Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ.

– На денешната седница на Владата ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ги подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во градот. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток – Запад и втората Север – Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ-возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во градот. Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје. Рокот за завршување на овој значаен проект е февруари 2029 година – истакна Николоски.

Реклама

Вицепремиерот и министер за транспорт нагласи дека развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување нови сообраќајно-транспортни решенија, кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

– Министерството за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително, со проектот за градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси, ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ги подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз – додаде Николоски.