Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Економија

Николоски: Транспортот во Скопје ќе се реши со комбинација на Градски воз, набавка еко автобуси и проектот БРТ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека транспортот во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека транспортот во Скопје ќе се реши единствено ако се комбинираат проектите за Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ.

-За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски воз и третото е решавање на урбаниот дел со поекономичен тарнспорт кој јас фигуративно го нарекував трамвај за да им е сликовите на граѓаните, а тоа е трамвај без шини.  И трите работи мора да ги споиме и да има синергија меѓу нив. Било која од трите да функционира сама  ќе го имаме ова што сега го имаме, истакна Николоски во гостувањето на една од националните телевизии. 

Во однос на проектот Градски воз тој потенцираше дека проектот веќе се реализира со засилена динамика на првата линија од Зелениково преку Драчево до Нова железничка станица. 

Реклама

-Проектот е голем, презначаен за Скопје кој ќе остави длабока трага за да биде манипулиран за изборната кампања и затоа промоцијата беше после изборите. Три линии имаме, ние почнавме да ја работиме првата линија која оди од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица, таа е 25 км. Втората која ќе почнеме да ја работиме напролет оди од Миладиновце, Илинден, Маџари и Нова железничка и третата од Нова железничка, Скопје Север, Ѓорче Петров и завршува во Волково односно во Радуша. И тоа е во принцип е инфраструктура која Скопје ја има која што децении наназад е запуштена и не користена. Пример дрвените прагови кои што ги менуваме во моментов кај Драчево се поставени помеѓу 1963 и 1969 година. Тое се над 60 години да воопшто ништо не се работело таму, рече вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека ќе се направи бајпас околу Скопје, а со тоа дизел локомотиви и возови нема да влегуваат во градот за да се влијае врз заштитата на воздухот.  Исто така најави и дека ќе се набавуваат и нови возови, а набавката се планира да започне на две години пред да се заврши брзата пруга.