Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Николоски со порака до Пендаровски, да одговори зошто се среќава со странски пи-ар служби

Кога ќе заврши со личните навреди Стево Пендаровски да каже зошто се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога ќе заврши со личните навреди Стево Пендаровски да каже зошто се среќавал со странски ПР служби, потрепретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски повторно го повика претседателот децидно да одговори .

  • „Прашав која е целта на нивната посета, дали тие ќе бидат ангажирани во неговата кампања и доколку бидат ангажирани кој ќе го плати тоа и дали тоа ќе биде пријавено имајќи предвид дека има строги закони во делот на финансирање на изборна кампања.
    Така што еве втор пат му давам шанса, може пак да одговори со навреди, но откако ќе заврши со личните навреди кои мене не ме допираат, го замолувам да одговори на прашањето. Еве да одам чекор напред да прашам дали тој стратегист е истиот стратегист кој е во користен во Република Србија за потребите на претседателот на таа држава“, кажа Николоски.


    Наместо правда за што беше направено Специјалното јавно обвинителство, донесе неправда. За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ставањето на Катица Јанева на црната листа е најдобриот доказ за злоупотребите кои ги правела како шеф на, сега згаснотото, СЈО.
  • Па мислам дека тоа е најдобриот доказ и потврда за злоупотребите кои што се правеа во Специјалното јавно обвинителство, кое што беше креирано да донесе правда во Македонија, но наместо правда донесе неправда. Многу луѓе беа жртви на политички прогон кој што се спроведуваше преку специјалното јавно обвинителство, а првиот човек на тоа специјално јавно обвинителство, веќе и осудена личност сега и на црната листа на САД, јасно е дека ја користела позицијата за сопствен бенефит и за сопствена корист наместо за враќање на правдата во Македонија. Тоа е она што ги боли најмногу луѓето“, кажа Николоски.

    Враќањето на правдата и функционален систем е приоритет на на ВМРО- ДПМНЕ, вели Николоски, но од правда не се живее затоа идната влада ќе се посвети да го врати стандардот на граѓаните во секој сектор.

    По парламентарните избори и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сериозни големи средства ќе влегуваат во општина Неготино порача Николоски каде со градоначалникот Стојанов промовираа инфраструктурна инвестиција од речиси 15 милиони денари. ВМРО ДПМНЕ по изборите ќе направи децентрализација и ќе ги врати парите кај граѓаните – околу 250 милиони евра годишно да влегуваат во општините.