Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Николоски: Со Герет Томас дискутиравме за зголемување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, денеска оствари работна средба со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство, како дел од дводневната посета на високо ниво на Велика Британија.

По средбата, вицепремиерот Николовски изјави:

„Во рамки на оваа посета на високо ниво, денеска остварив средба со министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас. Разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, имајќи предвид дека Велика Британија е втор трговски партнер на Македонија. Во моментов Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија, а нашата цел е овој извоз да порасне и да достигне над 3 милијарди евра во блиска иднина. Ова ќе биде од голема корист за македонската економија, бидејќи значи добро платени работни места и создавање нови работни позиции.“

Реклама

Николовски истакна дека на средбата со министерот за извоз и економија на Велика Британија, разговарале и за значајни инфраструктурни проекти, како што се развојот на железницата, автопатите и авиосообраќајот.

„Разговаравме и за можностите што Велика Британија ги нуди за поддршка на Македонија, вклучително и финансиските можности и експертизата која може да ја понуди“, додаде Николовски.

„Како дел од нашата посета, имавме средба со компанијата Crossrail, која е поддржана од британската влада и која ја изведе првата целосно дигитализирана метро линија во Велика Британија. Ова е значајно искуство кое може да биде корисно за нашите инфраструктурни проекти“, рече Николовски.

Тој информираше дека денес ќе се одржат и средби со претставници на финансиски институции и други важни институции во Лондон, како и со Извозната агенција на Велика Британија. Во текот на утрешниот ден продолжуваат средбите со министерот за Европа, специјалниот пратеник за Западен Балкан и Министерството за надворешни работи.

„Сметам дека оваа посета е значаен чекор во зацврстувањето на соработката помеѓу Македонија и Велика Британија. Со ова, Македонија ќе се позиционира како стратешки партнер на Велика Британија во Југоисточна Европа, што ќе донесе долгoročни придобивки за сите наши граѓани. Велика Британија има огромна традиција и силна економија, и верувам дека ова партнерство ќе има долг и успешен развој“, заврши вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски.