Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Бројот на патници на двата македонски аеродроми до крајот на годината ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на патници на двата македонски аеродроми до крајот на годината ќе достигне околу четири милиони патници, очекува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Според Николоски, растот во воздушниот сообраќај е значително поголем од првичните очекувања, а тоа се должи на новата политика на субвенционирање.

– Кога бев избран, мислев дека ако стигнеме до бројка 3,5 милиони патници на двата аеродроми до крајот на мандатот, дека ќе бидам презадоволен, но веќе оваа година ќе имаме околу 4 милиони патници на Скопскиот и Охридскиот заедно. Скопје очекувам да биде некаде околу 3,6 милиони патници, а Охрид од 350 до 400.000 патници – рече Николоски.

Реклама

Како една од причините за значителниот раст во последните две години, Николоски ја посочи политика на субвенционирање на авиолиниите.

– Овој енормен раст во 2025 и 2026 година е директен резултат на новата политика на субвенционирање која што ја воведовме. Ние воведовме политика на субвенционирање по патник на доаѓање, која што ја нема ниту еден аеродром во регионот – истакна Николоски.

За споредба, потенцираше Николоски, пред само две години кога оваа Влада стапи на функција, бројот на патници на двата аеродроми беше 2,4 милиони.

На шпекулациите дека се укинувале одредени линии, Николоски посочи дека дел од јавноста треба да има предвид дека авиосообраќајот функционира според летен и зимски ред на летање, поради што одредени линии се достапни само во одреден период од годината.