Реклама

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Економија

Николоски: Презедовме мерки уште во првиот бран кога се виде дека ќе има криза, целокупната инфлација споредено март годинава, со март минатата година е само 0,7 проценти

Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше, имајќи предвид дека целокупната инфлација споредено март годинава, со март минатата година е само 0,7 проценти, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најавувајќи дека во вторник на седница на Влада ќе се разгледуваат мерки за, како што рече „одредени шпекулативни однесувања кај прехранбените производи“. 

Зборувајќи за кризата на Блискиот Исток и ефектите врз економијата, Николоски, во гостувањето на Само интервју на Канал 5 телевизија, посочи дека Владата презеде мерки уште во првиот бран кога се виде дека ќе има криза, но и дека се гледаат одредени шпекулативни однесувања, каде цените наеднаш растат од ден за ден, посочувајќи го битуменот, кој, како што рече, порасна за 100 проценти само за еден месец, а сите сме свесни дека залихи се чуваат најмалку за три месеци …

-Слично беше и кај прехранбените производи и јајцата и затоа го задолживме Министерството за економија и труд заедно со државниот трудов и пазарен инспекторат да направат споредба на цени, квантитативно затоа што ова нема да заврши со Велигден и во вторник на редовната седница на Влада ние ќе го гледаме овој извештај и врз основа на тоа ќе преземеме мерки – изјави Николоски. 

Реклама

Мерките, според Николоски, можеби ќе треба да бидат покрај оние за олеснување и со рестриктивна политика, односно оние што ја злоупотребуваат ситуацијата да бидат казнети. 

-Тоа е вториот дел. Доколку продолжи кризата, иако како што кажав работите се менувата. Доколку продолжи кризата секако ќе интервенираме и тука – изјави Николоски, посочувајќи дека иако „по примирјето се надевам дека ситуацијата ќе оди во една добра состојба и дека нема да се повтори овој конфликт на Блискиот Исток“. 

Во однос на минатогодишната ситуација и „картелското здружување“ на повеќе маркети во државата, Николоски потсети дека тоа на крајот го потврдила и Комисијата за заштита од конкуренцијата, нагласувајќи дека „лани јасно беше дека се работи за шпекулативно однесување“.

-Оваа година веќе е внесена, односно е од надвор целата оваа криза, но повторно има шпекулативно однесување. Повторувам, конфликтот таму траеше нецели четири недели, а од ден за ден дека толку можат да се менуваат цените и дека никој нема залиха во магацините и дека од ден за ден ја купуваат робата и ја продаваат на граѓаните. Тоа е надвор од било каква економска логика и јасно е дека имаше шпекулативно однесување – изјави Николоски.

Николоски потсети дека мерките беа преземени во делот на цените кои се поврзани со берзата – бензинот и нафатата и дека имаме најевтини цени на бензините и дизел горивото во целиот регион.