Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собраните да го усвои таквиот договор.

“Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот, секако тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста.

Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија.

Реклама

Тука огромна заслуга има министерката за финансии затоа што имаше доста проактивен однос на пристапување кон меѓународните финансиски институции и од 24 на кои им што се пристапи, еве 16 од нив дале понуди што многу значи за кредибилитетот на овој проект.

Сега Министерството за финанисии треба да ги обработи овие понуди, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усови.

Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на Изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди.

Не забораваме дека имаме можност до 70 % да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 %, коридорите 8 и 10 д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата.

Во зависност од временски услови очекувам доцна есен, рана пролет да ги видиме машините на терен” – изјави вицепремиерот.