Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Николоски од средбите во Стејт Департментот: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија

– Заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски имаше работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик – помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности и создавање на подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

-Денеска во американскиот Стејт Департмент остварив неколку средби на високо ниво на кои што разговаравме за односите помеѓу нашите две држави. САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава која што најмногу ја подржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка. Меѓу другото се сретнав и со заменик помошникот државен секретар задолжен за Европа, Даниел Лоутон. На средбата разговаравме за продлабочување на политичките и економски врски меѓу двете држави како и за стратешкото партнерство кое што го делиме, разговараме за соработката во НАТО во овие предизвикувачки времиња, како и заедничките операции што ги водиме, изјави вицепремиерот Николоски по средбите во Стејт Департментот.

Реклама

Зборувавме, посочи Николоски, за економската соработка пред се во делот на енергетската транзиција и изградба на коридорите.

-Зборувавме за Пан европските коридори 8 и 10 кои што поминуваат низ Македонија и кои што се витално значајни за економијата и безбедноста на нашата држава. Зборувавме и за продлабочување на соработката во следниот период, очекуваме повторно да се активира Стратешкиот дијалог каде ќе разговараме за заедничките предизвици што ги имаат двете држави. Тука е и трговскиот договор кои што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија, рече Николоски.

Работната посета на Вашингтон, вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува со обраќање на глобалниот настан „Transforming Transportation 2026″.