Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници

Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година, а наскоро се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година, а наскоро се очекува објава на уште повеќе авиолинии, најави потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Најавувам дека во следниот период ќе се објават нови авиодестинации од македонските аеродроми. Сè уште ги преговараме, но многу брзо ќе ги објавиме, рече Николоски, додавајќи дека за само една година е целосно променет начинот на функционирање на аеродромите.

Бројот на патници, како што информираше, бележи раст – скопскиот аеродром пораснал за 5 проценти во првото шестмесечје, додека охридскиот за 13 проценти.

Реклама

Министерот Николоски очекува дека до крајот на годината, растот ќе биде двоцифрен на двата аеродроми, што, како што рече, би претставувало апсолутен рекорд во регионот.