Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза. Отворени сме за соработка со сите авиокомпании, но без уцени

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија “Рајанер”, Владата продолжува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија “Рајанер”, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето.

Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите авиопревозници и на државните интереси.

“Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник кој пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени, укинување на други линии во нивна корист и субвенции кои би биле два и пол пати повисоки само за една компанија”, рече Николоски.

Реклама

Вицепремиерот откри дека во моментов се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании, додавајќи дека Македонија е единствената земја во регионот која отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозна криза.

“Ние сме единствена земја во целиот регион која што отвара нови авио линии и во следниов период ќе има 5 нови, и тоа: Аустриа Ерлајнс ќе лета директно Виена-Охрид, во јуни месец почнуваат две дестинации од Краков и Вроцлав во Полска до Охрид, а во текот на јуни месец почнуваат две одлични летни дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо-Сицилија, а втората е Алгеро-Сардинија, така што отвараме 5 нови рути во најголемата криза која што и’ се случила на авиоиндустријата било кога видена”, изјави Николоски. 

Министерот информираше и дека Визер ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата веќе размислува и за воспоставување база на охридскиот аеродром.

Во однос на резервите со керозин, тој исткана дека имаме резерви со кериозн и над законскиот минимум, други аеродроми се снабдуваат од кај нас што подразбира дека состојбата е стабилна.