Реклама
Прилози

Николоски најави инвестиции во Штипско следната година, а пред летото 2027 во употреба ќе биде пуштена и браната

Голема градежна офанзива во Штип. Се реконструираат и рехабилитаираатулици.  Само годинава ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема градежна офанзива во Штип. Се реконструираат и рехабилитаираат
улици.  Само годинава , од средствата на буџетот во Штип,  се
инвестирани 12,5 милиони евра, што досега се нема случено, рече вицепремиерот и
министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој заедно со
градоначалникот, извршија увид во градежните активности на улиците во населбата
Леваци, која е во непосредна близина на браната на река Отиња. Министерот и
вицепремиер, најави нови инвестиции за наредната година, а на штипјани им вети
дека пред стартот на летната сезона во 2027, во употреба ќе биде пуштена и
долгочекуваната брана.

„Вчера се распиша тендер за доизградба на браната на Отиња. Тоа ќе
значи полесно завршување на овој долговетуван проект. Определивме 2милиони евра
дополнително за завршување на браната . тендерот е веќе активен. Очекувам на
крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде
околу 8милиони евр што ќе се инвестираат во изградбата на оваа брана“
,
изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
 

Реклама

„Навистина ми е драго што и браната на река Отиња, ќе продолжи да се
гради со засилен интензитети навистина Штип наликува на едно огромно
градилиште, коешто не само што ќе ја подобри постоечката инфраструктура, туку
ќе додаде нова вредност на градот“
, изјави градоначалникот на Штип,
Иван Јорданов.

Вицепремиерот Николоски,  се осврна и на проблемот со депонијата во
Кочани, каде граѓани повеќе од две седмици не дозволуваат да се депонира отпад
од соседните општини.

„Она што можам да го дадам како ветување на граѓаните, додека не се
изгради регионалната депонија во Свети Николе, Владата и јас лично, ќе стоиме
на располагање да помагаме да се уредува депонијата во Кочани, за да немаме
вакви проблеми како што имаме во моментот“,
изјави вицепремиерот
Александар Николоски.

Денеска од Штип, Николоски, уште еднаш истакна дека за наредната година се
планира проектот Купи куќа за млади, а заедно со Јавното претпријатие за
стопанисување со станбен и деловен простор, подготвуваат план за Штип, Битола и
Скопје со кој  за ќе се регулира цената на станбениот квадрат  кој во
моментот е недостижен за многу наши граѓани.

Александра Ристевска