Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Николоски на средба со Јири Пос: Се разгледува можноста Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржа во Прага.

Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија и во рамките на приоритетите што ги реализира, се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.

Тој на средбата ги презентираше можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.

Реклама

На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи.  

Исто така вицепремиерот Николоски на средбата ги истакна и потенцијалите на аеродормот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа се разговараше да се разгледа можноста за воспоставување на  нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.

Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска оствари и средба со претставници на автомобилската компанија Шкода на која се разговараше за идна сорботка.

Вицепремиерот Александар Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленараната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република.