Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Николоски на средба со Болат и Уралоглу: Македонија и Турција градат силно партнерство со заедничка визија за економски развој и регионална соработка

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција. Средбата се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција.

Средбата се одржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул.

На средбата беа потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави.

Реклама

– Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност – истакна вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата, информира Министерството за транспорт, беше ставен на развој на инфраструктурата и  регионалното поврзување, а притоа вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

–  Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори – истакна вицепремиерот Николоски.

Говорниците, се вели во соопштението,  се согласија дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.