Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство за транспорт ќе дадеме силна поддршка во реализација на капиталните проекти за Скопје, градскиот воз, новите еколошки автобуси и инфраструктура, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од увидот во реконструкција на улици во општина Кисела Вода што го извршија вицепремиерот Николоски и кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

 ,,На Скопје му треба силна трансформација, новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Минстерството за транспорт.  Сакам да најавам за градскиот воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Во однос на првата делница, избран е изведувач и потпишан е договор за делницата од Зелениково, преку Драчево, помеѓу населбите Кисела Вода и Аеродром и завршува на новата железничка станица. Деновиве тој изведувач ќе биде воведен во работа и очекувам првата линија напролет да е функционална. Следната година во рамки на финансиските можности ќе продолжиме со избор на изведувач за другите две линии и на тој начин да го заокружиме прстенот и да имаме функционален воз кој што ќе се надоврзува на автобусите на ЈСП и на тој начин да имаме евтин превоз, да имаме точен и брз превоз и секако да се растерети гужвата“, истакна Николоски.

Најави дека после изборите повторно ќе се распише тендерот за 120 еколошки автобуси.

Реклама

,,Веднаш по завршување на изборите, откако ќе завршат овие законски  ограничувања ќе ја продолжиме оваа постапка. Набавуваме 120 автобуси, 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. ЈСП треба да има целосна промена  на флотата, сега има 250 автобуси и сите тие треба да бидат променети во годините пред нас и тука градот ќе има огромна подршка”, додаде потпретседателот Николоски.

Николоски и кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска извшија увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода. Тие најавија пробивање на улицата Есенинова на потегот од месноста Чешма до  Шампионче.