Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Прилози

Николоски на работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД. Предвидено е да има средби во Светска банка и Стејт Департментот, информираат од ресорното министерство. Стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планираната изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8, ќе бидат дел од   неговото обраќање на годишниот форум насловен како ,,Transforming Transportation 2026″.

Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.

На сесијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Николоски ќе се обрати заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.

Реклама

На настанот се предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.

.„Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија“ соопшти Министерството за транспорт и врски.