Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата

На Македонија очајно ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија очајно ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесирање на случаи, кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски образложувајќи го пред пратениците предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител.

Тој нагласи дека Савески е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера. 

– За жал, оваа состојба во која се наоѓа обвинителско-правосудниот систем е состојба што не дава доверба кај граѓаните, состојба што ги тера многумина од граѓаните да не веруваат во системот, почесто да има неправда отколку правда, а и тогаш кога има правда, поради скепсата што постои меѓу граѓаните, тие да се прашуваат дали навистина се донела правилната одлука. Не случајно нема разговор, нема дебата и нема сериозни критики за обвинителско-правосудниот систем, како што не случајно и рејтингот на овие две институции е едвај 2 отсто. Тоа ќе биде сериозна задача за новиот јавен обвинител, кој го предлагаме, тоа е магистер Ненад Савески, човек што е долго во обвинителско-правосудниот систем, со сериозен стаж и искуство, човек кој бил обвинител, судија и сега повторно ќе ја има шансата да е прв меѓу обвинителите – нагласи Николоски.

Реклама

Додаде дека се работи за човек кој е еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, кој што зад себе нема дамки.

– Имаме човек кој е мотивиран и кој ќе биде првиот што треба да испорача правда во Македонија – нагласи Николоски пред пратениците.

Савески, кој е досегашен судија во Основниот кривичен суд Скопје, на 10 март беше определен од Владата како кандидат за државен јавен обвинител. Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавните обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење.