Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

Јавното претпријатие „Македонија пат” има наследени милионски долгови и потребно е итно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Македонија пат” има наследени милионски долгови и потребно е итно да се консолидира за да добиеме подобро одржување на патишата, веднаш после изборите планираме негова целосна реконструкција, вели потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

– Претпријатието е во многу лоша состојба, има наследени долгови од минатото некаде 27-28 милиони евра. Со таков товар тоа претпријатие не може да ја врши својата работа, така што едно целосно реконструирање на Македонија пат е приоритет и се надевам дека следно лето кога ќе се видиме, ќе можеме да зборуваме за многу подобро одржување на патиштата, истакна Николоски. 

Приоритет за одржување, нагласи вицерпремиерт, се сите патни правци, вклучително и тие кои водат до помалите населени места, а во однос на обнова, приоритет е Коридорот 10 и скопската обиколница.

Реклама

-Оној дел кој што оди од Демир Капија, преку Неготино, Велес, Скопје, Куманово и граница со Србија, веќе е зрел за реконструкција, така што таму се работи на проект за реконструирање. Обиколницата на Скопје, се направија некои интервенции, но е потребна целосна реконструкција и таму, истакна Николоски.

Нагласи дека на крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, потенцирајќи ги сите инфраструктурни објекти на кои се работи во моментов низ целата држава.

-Во Македонија се сечат два паневропски коридори. Двата паневропски коридори и 8 и 10, ќе бидат целосно покриени со автопат или со експресен пат и ќе бидеме во многу напредна фаза во градба на брза пруга на коридорот 10 и на реконструкција и градба на коридорот 8, што ниту една друга држава во регионот го нема. Да не зборувам за аеродромите, што двата растат од квартал во квартал, така што кога ќе ја видите таа перспектива, мислам дека 2028 година, мислам дека ќе сме апсолутен лидер во регионот, потенцира Николоски.