Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Николоски: Македонија води достоинствена политика за влез во ЕУ и не се понижуваме, во реализација на Планот за раст сме во врвот

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту на себе, ниту на сопствената нација и држава и не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката и ставот за ЕУ ни е јасен, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на гостувањето во една од националните телевизии, одговарајќи на прашањата за влезот на Македонија во ЕУ.  

-Тоа што е до нас, го правиме. Еве во Планот за раст сме далеку пред земјите во регионот и тоа може  да се види во новиот извешта што ќе излезе во јуни. Во делот на реформи спроведуваме тоа што се бара, во другиот дел немаме што да правиме  и мислам дека е јасно. Софија не е проблемот, туку Софија е добар изговор за да не се реши проблемот. Чекаме неколку големи главни градови да решат дали сакаат проширување на ЕУ или не. Ако сакаат проблемот со Бугарија ќе се реши за едно пополадне – рече Николоски.

Прашан дали се уште стои на ставот дека Албанија нема да влезе во ЕУ што го кажал порано, рече дека секогаш стои зад тоа што го кажува и додаде дека тоа не е заради тоа што Албанија не прави доволно за членство, туку заради фактот што ЕУ се уште не решила дали сака да има проширување.

Реклама

-Жал ми е што сум во право, велам за жал затоа што предупредувањата што ги давав немаа цел да нешто лошо се случи, туку да предупредам на време што ќе се случи. Работата на политичарите е да носат одлуки врз основа на информациите кои што ги имаат, но исто така и да ја информираат јавноста за она што е реалноста и вистината и да на тој начин се прилагодува и јавноста – истакна Николоски.