Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Николоски: Маџир Маало е пример зошто се потребни промени во Општина Центар, со Лабудовиќ како иден градоначалник ќе го решиме урбанистичкиот хаос

Супстандардните услови во Маџир Маало на најдобар начин покажуваат на кој начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Супстандардните услови во Маџир Маало на најдобар начин покажуваат на кој начин се уништува Општина Центар и зошто се потребни промени во Општина Центар, истакна денеска потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски, 

-Овој дел е срцето на главниот град – срцето на Скопје. За жал, луѓето живеат во супстандардни услови. Овде можете на дело да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам само во интерес на поединци. Затоа што поединци, кои се блиски на актуелното раководство на Општина Центар, не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис, затоа луѓето овде живеат во една ситуација, што не приличи на 21. век. Со уништени улици, без соодветен водовод и канализација, со нерешени имотни прашања и во едни супстандардни услови, истакна Николоски кој заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, денеска посетија и разговараа со жители на Маџир Маало.

Тоа е така, затоа што, како што нагласи Николоски, Општината воопшто не им давала да се развиваат. 

Реклама

– Можете да замислите, низ оваа тесна уличка треба да поминуваат сите кои ќе живеат во овие нови згради што се градат тука, а од другата страна, не можат луѓето да си стигнат до куќите. Ова на најдобар начин покажува, на кој начин се уништува Општина Центар и зошто се потребни промени во Општина Центар. Јас многу гласно и за општина Центар и за општина Карпош, зборувам откако сум избран за министер. Предложив на двете општини и на двата актуелни градоначалника, да донесеме специјални закони што развојно би го заштитиле во истовреме урбаното живеење – двајцата не се согласија, подвлече Николоски. 

Притоа, тој рече дека заедно со Лабудовиќ, вели како иден градоначалник на општина Центар, ќе работат на решавање на овие проблеми и луѓето конечно да добијат пристојни услови за живот.   

– Во изминатиот период, многу често разговараме со вицепремиерот и министер за транспорт и врски, за тоа што се случува во Центар, како брутална бетонизација. Имаме заеднички став дека час поскоро треба Општината заедно во соработка со Министерството, да влеземе во процес на разгледување и донесување на нови урбанистички планови, што ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните. Еден од проблемите што ги гледаме и денес, тоа е Маџир Маало, каде дел од Маџир Маало нема многу долго време донесено урбанистички план. Имаме заеднички став дека новиот урбанистички план ќе биде квалитетен за модерен развој на овој дел од Скопје, рече Лабудовиќ. 

Тој подвлече при тоа дека новиот урбнанистички план ќе биде подготвен во консултација со граѓаните и во нивен интерес.

– Со граѓаните ќе се консултираме како сакаат и каква потреба имаат тие, од овој дел. Дополнително, планираме изградба на нова градинка, модернизација на улиците што долго време не се санирани. Тоа што можам да го порачам до сите граѓани на Центар, е, дека не само за Маџир Маало, туку буквално за цел Центар, ќе го имаме истиот пристап. Многу ме радува дека соработката со Министерството за транспорт и со целата Влада и дополнително и со Градот Скопје, ќе биде насочена исклучиво кон задржување на јавниот интерес, исклучиво кон разубавување и подобрување на квалитетот и комфорот на животот на центарци, посочи Лабудовиќ.