Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Николоски: Креираме нов правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешната конференција посветена на подобрување на урабниот транспорт.

-Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики. Со Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година предвидена е мерка за поддршка на поголемите градови за изработка на планови за одржлива урбана мобилност. Поддршката вклучува развивање на планови за одржлива урбана мобилност за Кавадарци и Прилеп, Кочани, Струмица и Струга, во согласност со насоките за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на ЕУ, истакна Николоски.

Тој потенцира дека Министерството особено внимание посветува на унапредување на стандардите за велосипедската инфраструктура се со цел да се зголеми безбедност на велосипедскиот сообраќај.

Реклама

-Во Законот за јавни патишта предвидовме основа за донесување на Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура, а во соработка со граѓанскиот сектор изработивме предлог Правилник којшто ќе биде донесен во текот на следниот период. Со ова, сакаме да испратиме порака дека велосипедот како симбол на одржлива мобилност е рамноправно превозно средство, а не само средство за рекреација. Со поддршка од државата и со визија на општините, можеме да изградиме градови кои се поодржливи, побезбедни и подобри места за живеење, нагласи Николоски.

Денешната конференција беше организирана во рамки на Европската недела на мобилност под мотото „Мобилност за секого“.