Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Николоски: Итно прогласување на кризна состојба во Куманово и Прилеп, граѓаните не смее да страдаат

Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп за да се канализира борбата со корона вирусот, побара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Тој ја обвини власта дека се занимава со прес конференции и надмудрувања додека граѓаните го губат здравјето и стравуваат за своите животи.

Грешките се повторуваат во серија со месеци, а Владата, како што рече, делува дезориентирано и загубено.

Реклама

Куманово е тешко погодено од корона вирусот. Таму гледаме многу политика, многу партиски и внатрепартиски препукувања, а малку сериозни чекори. Предлагаме итно да се донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово и бараме заради терање политика и надмудрување во рамките на СДСМ да не страдаат граѓаните, изјави Николоски.

Зборувајќи за ситуацијата во Прилеп Николовски истакна дека и во овој град многу се доцни со реакцијата, бидејќи наместо со борба со вирусот власта се занимава со поткуп на граѓаните со брашно, шеќер и останати производи но и со внатрепартиски препукувања.

Во Прилеп имаме огромна прогресија на вирусот. Владата и Венко Филипче не тестираат доволно. Тоа е сериозен проблем кој не може да го реши ниту полицискиот час. Денес залудно е тестирање во Прилеп на дваесетина сомнителни случаи, кога други 40 чекаат на ред да бидат тестирани. Секој ден поминат без детектирање на заболените, значи ново заболени кои министерството не ги бележи, а за жал бројката постојано се зголемува. Нашите информации се дека за жал во Прилеп бројката на заболени е далеку поголема од онаа која што е евидентирана. На тие луѓе им треба соодветен третман, на тие луѓе им треба помош и им треба лекување. На тие луѓе треба да им се помогне за да се спасат човечки животи. Тоа не се прави затоа што не се тестира доволно, додава тој.

Николовски потенцира дека потешките случаи од Прилеп се префрлаат во Скопје каде што исто така има лимитирани капацитети, но тоа пренесување на тешко болните кажува дека Прилеп се бори со недостиг на капацитети за справување со корона вирусот.

Затоа, апелира Прилепската болница веднаш да добие респиратори, веднаш да се направи тестирање на целокупниот медицински персонал и веднаш да добијат соодветна опрема.

Истакна и дека Битолската клиничка болница е во опасност, откако се потврди дека еден пациент заболен од корона вирусот лежи во неа, а за резултат се чекало дури пет дена што е недозволиво многу време.

Симона Србиноска