Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Ова, како што вели Николоски, е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност.

Тој поочи дека Министерството за транспорт, како надлежна институција за објекти од прва категорија, како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.

Реклама

-Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за конфикација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, напиша Николоки.

Имајќи предвид, како што поочи Николоски, дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучиле да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

-Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност, објави на Фејсбук вицепремиерот Николоски.