Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски: Имaме големи планови Македонска пошта да стане доминантна на пазарот, започнавме со инвестиции во средства и опрема

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави и осовременување на Македонски Пошти со 100 нови возила.

Како што соопшти денеска Министерството за транспорт, според Николоски, „некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот“.

– Кога ќе ги видите приходите, со 75 проценти од пазарот Пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25 проценти од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте, вели Николоски.

Реклама

Тој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.

– Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста, рече вицепремиерот Николоски.