Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Николоски: „Иловица“ доби дозвола за работа откако се продаде на фирма во Кајмански острови, а директор е син на бугарски бизнисмен

Рудникот „Иловица“ преку ноќ доби дозвола за работа откако се продаде на…

Сподели:

Рудникот „Иловица“ преку ноќ доби дозвола за работа откако се продаде на фирма со седиште на Кајмански острови, а директор стана син на познат бугарски бизнисмен, обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој рече дека е против отворање на рудникот во тој регион, зашто ќе го уништел целиот крај кога би почнало да се копа.

  • На оваа адреса е регистрирана фирмата која што ја презема „Иловица“. Што е следно интересно? Таа фирма „Galena Asset Management “ во моментов поседува 53 отсто од Иловица. Значи станува доминантен сопственик со 53 отсто оваа фирма од Кајманските острови. Таа фирма „Galena Asset Management“ го поставува за директор на Иловица Иван Вутов, за кој што јасно вели дека нивни претставник во бордот на директори на Иловица ова е Иван Вутов. А, она што е интересно за Иван Вутов е дека е син на Цоло Вутов, еден од најбогатите луѓе во Бугарија, близок пријател на актуелната власт во Бугарија. А, за него е кажано дека во рамки на „Галена“ тој има доминантно учество односно овие 53 отсто, да поедноставам најверојатно се сопственост на Цоло Вутов, истакна Николоски.

Николовски посочи дека и весниците низ Велика Британија како што е „Daily mail“ пишувале како претседателот Обама сугерирал дека во зградата каде е регистрирана фирмата за рудникот, имало над 20.000 фирми, па според него, се работело за најголемата шема за перење пари.

  • Во тек на 2019-тата година со дозвола од Комисијата за заштита на конкуренција која што е владино тело „Еуромакс“ е продадена на сомнителна фирма регистрирана во Кајманските острови, веројатно луѓето никогаш и не слушнале за Кајманските острови, наречена „ Galena Resource Equities Limited “. Што е интересно? Интересно е дека таму каде што е регистрирана оваа компанија се регистрирани уште ни помалце ни повеќе уште 22.000 компании. И претседателот на САД, господинот Барак Обама во тоа време зборува дека се работи за најголемата шема за перење на пари, а тоа е оваа зграда во која што е регистрирана прилично малата компанија. А, во таа зграда се регистрирани ни помалце ни повеќе туку над 20.000 компании, нагласи Николоски.

Инаку претходно, активисти од граѓански организации заедно со жители од Иловица и Штука со жив ѕид и моторни возила го блокираа патот до рудникот на планината Огражден. По бројните протести и блокади во текот, се одржаа и два локални референдуми во Ново Село и Босилево. Резултатот покажа дека преку 90% од населението се изјаснило против рудникот. Но, Уставниот суд одлучува да ги поништи зашто не бил постигнат цензус од над 50%.

Реклама

Борис Грујоски