Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Николоски – Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава, ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Воведувањето на новата авиолинија Охрид – Братислава и подобрувањето на македонско-словачките економски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воведувањето на новата авиолинија Охрид – Братислава и подобрувањето на македонско-словачките економски и трговски односи беа тема на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
 
Како што соопшттија од Министерството за транспорт, линијата Охрид – Братислава, која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис-секторот, потврдија двајцата соговорници. 


Вицепремиерот Николоски, се посочува, истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

– На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима. Вицепремиерот Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти, кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура – се наведува во соопштението. 
 
Николоски воедно упатил честитки за изборот на амбасадорката притоа изразувајќи благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји, стои во соопштението.