Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Николоски: Градски воз станува реалност, почнаа работите за првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица

Станува реалност проектот Градски воз, со реконструкцијата што стартуваше на првата делница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станува реалност проектот Градски воз, со реконструкцијата што стартуваше на првата делница од Зелениково до скопската железничка станица, а со ремонтните активности на железничката делница од Драчево до Илинден ќе се зголеми карго сообраќајот.

Ова го изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршија увид во градежните работи на проектот Градски воз на пругата во Драчево со којшто треба да се олесни транспортот на патници во главниот град.

– Ова се два значајни проекта, првиот се однесува на товарниот превоз што е срцето на железничкиот превоз во Македонија имајќи ја предвид географската локацијаи важноста што ја иа државата. Со овој потег што почнува да се работи од Драчево директно ќе се оди за Илинден  односно ќе нема потреба товарните возови повеќе или да ја одбегнуваат оваа делница или да ја користат со мала брзина или најлошата варијатна да влегуваат и да поминуваат низ центарот на градот, односно преку новата железничка станица. На тој начин очекувам дека ќе се зголеми карго сообраќајот, изјави Николоски.

Реклама

Со вториот проект, дополни вицепремиерот, идејата и визијата за Градски воз, пополека станува реалност.

– Имаме три траси. Првата која што оди од Зелениково, преку Драчево, Јане Сандански, помеѓу Кисела Вода и Аеродром и Нова железничка, веќе се работи, а в година ќе се работат и останатите две линии, најави Николоски. 

Тој укажа на состојбата која ја наследиле, наведувајќи дека дрвените прагови на пругата каде што беа на увид, а кои што се менуваат со модерни бетонски прагови, се поставени помеѓу 1963 и 1969 година. – Оттогаш не се сменети. Можете да замислите во каква состојба ја наследивме државата, штом во овие години се работело, а потоа престанало и првпат работиме во 2024-2025 година, изјави вицепремиерот Николоски.

Со првата фаза од Градски воз, како што најави Ивановски, од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри.

Работите за двете делници се очекува да бидат завршени за половина година. Договорот за ремонтот на делницата Драчево – Илинден, како што рече Ивановски, е три милиони евра, а 5,7 милиони евра е вредноста на реконструцијата од Зелениково до центарот на Скопје. 

Втората траса од проектот „Градски воз“ е на потегот Илинден – Миладиновци – Маџари – Центар со должина од 25 километри, а третата траса од Железничка станица Скопје –  Скопје Север – Ѓорче Петров – станица Волково, со должина од 18 километри. Сите три траси треба да бидат готови до крајот на 2027  година. Физибилити студијата од Градежниот факултет предвидува и изградба на две до три нови станици.