Реклама

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Економија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година – објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

– Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати, експресни патишта, железница, над 1.200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата на вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија – напиша заменик-претседателот на Владата, Николоски.