Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Економија

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга, рокот е продолжен по барање на финансиските институции

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една финансиска институција со свои понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат помеѓу себе и ние да добиеме поевтини средства. Очекувам до средината на месец јули јавноста да знае, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој зборуваше и за плановите на соседните држави – Грција и Србија, чии активности се насочени кон поврзување со Македонија со двоколосечни пруги, а најави и средби во текот на летото со претставници од грчката Влада и институции.

Реклама

-Можам да најавам дека очекувам во текот на месец јули да имам средби со претставници на грчката влада, ресорните министри и други институции, на кои детално ќе зборуваме за проектот. Она што охрабрува е дека Грција предвиде некаде околу 640 милиони евра за целосна рехабилитација на пругата од Атина до Солун, која оди некаде до 20км северно од Солун, со што остануваат уште 50км до Гевгелија, за кој иницијалната информација е дека веднаш штом ние почнеме да градиме на наша страна, ќе почнат и тие да градат на својата страна. Во делот на Србија, веќе имаат брза двоколосечна пруга од Белград, преку Суботица до Будимпешта, сега градат Белград-Ниш, и бараат финансирање од Ниш до Скопје, со што очекувам и Србија да гради со нас, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој подвлече дека сега Македонија е во ситуација да биде најконкурентна за транзит на мапата, а со изградбата на брзата пруга од Коридорот 10 државата ќе заработува по 120 милиони евра годишно.