Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша.  Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. 

Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти од стратешко значење.

На средбата било оценето дека Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи и значителен потенцијал за натамошно зголемување на соработката, особено во областа на транспортната инфраструктура, која претставува основа за економски развој, зголемена трговска размена и подобра поврзаност на регионот.

Реклама

Николоски посочил дека Владата е целосно посветена на реализација на капиталните инфраструктурни инвестиции, при што стави посебен акцент на изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце.

– Овој проект претставува најзначајната патна врска меѓу Македонија и Косово кој ќе придонесе за побрз, побезбеден и поефикасен патен транспорт, ќе ја подобри мобилноста на граѓаните и стопанството и дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка – нагласил Николоски.

Соговорниците се согласиле дека подобрата транспортна инфраструктура ќе овозможи поинтензивна економска активност, полесен проток на луѓе и стоки и ќе создаде нови можности за инвестиции и развој на бизнис-заедницата од двете земји.

На средбата, исто така, било потенцирано дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, а реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти ќе придонесе за понатамошно зголемување на трговската размена, подобрување на конкурентноста на регионот и создавање услови за одржлив економски раст.

Двете страни ја потврдиле својата подготвеност за интензивирање на институционалната соработка и продолжување на заедничките активности со цел побрза реализација на проектите што се од заемен интерес и кои ќе донесат долгорочни придобивки за граѓаните и економиите на двете земји.