Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Николоски: Ќе го реализираме ветувањето за завршување на автопатот Кичево-Охрид, со модерни техники ги стабилизираме косините

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека ќе се реализира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека ќе се реализира ветувањето за завршување на автопатот Кичево-Охрид на кој како што вели се работи интензивно и се користат современи техники за да се стабилизираат косините.

– Да, тоа е ветување и така ќе биде, не можам да ги предвидам временските услови, дали декември, дали ќе завршиме во март, тоа е опсегот заради временските услови и е прашање на Господ и на време, но ветувањето коешто го дадовме ќе го реализираме, изјави Николоски по учеството на одбележувањето на празникот Водици во Охрид. 

Ниолоски посочи дека 14 од 16 косини се стабилизирани и оти до напролет три галерии ќе бидат завршени целосно. 

Реклама

– За свлечиштата отидовме со решение кое според мене би требало да се направи уште кога почна да се работи овој проект. За жал, немаше проекти, немаше геолошки и геотехнички истражувања. Сега се направија. Има проекти за 16 свлечишта од кои 14 ги стаблиизраме, најголем дел се со галерии, едната кај село Извор евеќе готова, втората почнува да се работи. Очекувам до пролетта веќе три да се целосно завршени. Најголем проблем е кај село Ботум, цела планина буквално се спушта таму, таму ќе одиме со стаблизации кои ќе одат внатре во земја, ќе се спуштаме во земја 14 до 21  метар со техники кои се модерни, најнови во инжинерскиот систем. Ветивме дека ќе го завршиме атопатот и ќе го завршие без разлика на се што треба да се направи, изјави Николоски.