Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Никогаш не ни имало закон за албански јазик: Албин Курти ги закопа 20 годишните лаги на Али Ахмети

Албин Курти ги закопа 20 годишните лаги на Али Ахмети, дека само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албин Курти ги закопа 20 годишните лаги на Али Ахмети, дека само тој се борел за правата на Албанците во Македонија. Според познавачите косовскиот премиер ги демантирал сите тврдења на лидерот на ДУИ, дека лично тој донел некаков закон за употреба на албанскиот јазик во државава. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, за Алфа вели дека најважно од пораката на Курти е да се сфати, дека Ахмети со години не ја зборувал вистината пред своите гласачи.

-Пораката на Албин Курти кон Ахмети е тоа дека еднаш засекогаш неговите лаги ги има закопано, со тоа дека цело време изјавуваше 20 години дека има донесено закон за употрбеата на албанскиот јазик. Албин Курти спротивното го кажа вчера, прво дека закон за употреба на албански јазик нема воопшто, а тоа дека има еден закон за употреба на сите јазици во Република Македонија, вклучувајќи ја и употреба на јазиците на другите народи кои што не се мнозинство, изјави Фаризи.

Ахмети со заканувачка реторика најави дека Албанците ќе станеле на нозе доколку Уставниот суд решел да го измени или укине законот за употреба на јазиците. Сосем спротивен став на ова има Курти, кој вели дека треба да се почека прво таа одлука, за која што се надева дека ќе биде правична. Фаризи е на ставот дека каква и да е истата, мора да се почитува.

Реклама

-Ние знаеме дека Уставниот суд е независно тело во Република Македонија, тој пред се е политичар легалист, кој им верува на институциите, иста ситуација имаме и во Република Косово, кај што Уставниот суд беше надметнат политички, тој имаше големи реперкусии во Република Косово. Таа одлука треба да се почитува политички, бидејќи е институција која ги брани Уставот и законите, каква и да е таа одлука ние мораме да ја почитуваме, изјави Фаризи.

Пред меѓувладината седница на Македонија и Косово, Ахмети лично побара од косовскиот премиер, да разговарал со Мицкоски за оваа тема. Курти пак порача дека албанскиот јазик не е под никаква закана во Македонија, бидејќи ниту во минатото законот не бил ексклузивно за тој јазик, туку за јазиците на заедниците кои се се над 20 проценти во земјата.