Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

НФФ: Родот преполовен, увозот зголемен – ниските откупни цени се главниот проблем на земјоделците

Од година в година Македонија троши се повеќе пари за увоз на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од година в година Македонија троши се повеќе пари за увоз на храна. Ланскиот рекорд од 900 милиони евра, годинава сигирно дека ќе биде урнат, што само отсликува во каква состојба е домашната инддустрија и производство, пред се земјоделското, кога ги слушаме оние кои што ги кројат политиките тогаш состојбите се добри, но кога за нив зборуваат оние кои вадат леб од неа, тогаш податоците се загрижувачки. Федерацијата на фармери бара итно да се реагира оти критично е безмалку на секое поле во оваа дејност.

Ниските откупни цени, но и високите давачки кон земјоделците остануваат главниот проблем со кој се соочуваат од секторот. Како што рекоа од Националната федерација на фармери, посебно го анализирале производството и продажбата на домашните производи кои многу тешко опстанувале поради лошите временски непогоди. Капак на се, велат, е тоа што земјоделци речиси нема ни за лек, а оние што ги има работат од утро до мрак за да се прехранат, а дел од родот го продаваат на откупните центри, каде цените со години се исти.

  • Апелираме најбрзо да се направи стратегија за справување со климатските промени во земјоделството, кои се реалност повеќе од една деценија и во иднина ќе прават огромни штети, пласманот и ниските откупни цени на земјоделските производи и натаму се проблем број еден. Затоа, уште еднаш го нагласуваме барањето да се почитува Законот за земјоделство во делот на навременото склучување договори и нивно почитување од двете страни. Посебен апел упатуваме до Владата и надлежните институции да покажат поголема сериозност – напомена претседателка на НФФ, Васка Мојсовска.

Покрај намаленото домашно производство, земјоделците велат дека земјава станува зависна од увоз. За овој лош тренд да не стане уште полош, но и пред се да се задржат помладите земјоделци, државата мора сериозно да поработи на инфраструктурата која е во очајно лоша состојба.

Реклама
  • Она што најмногу го погодува македонскиот земјоделец се високите производни цени и ниските откупни цени и овој тренд е забележителен во последните десет години што ги доведува примарните земјоделски производители во ранлива положба во поглед на стопанските и деловните активности, како и нивниот животен стандард“, нагласи Мојсовска.

Голем проблем во земјоделството претставува немањето на сезонска работна сила, како и големата миграција која е тренд кај младите и негативните влијанија на климатските промени кои што прават големи штети во сите земјоделски сектори.

Само лани, Македонија увезла храна во вредност од речиси 900 милиони евра, за разлика од годината претходно, кога во земјава се извршил увоз на храна во вредност од 700 милиони евра, тренд што никако не зборува добро за македонскиот аграр.

Борис Грујоски