Реклама
Прилози

Неуспешниот атентат над Трамп не е изненадување: И претходно се говореше дека победата може да му ја спречат само ако го убијат

Атенатот над Трамп не е никакво изненадување, и претходно беше најавувано дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Атенатот над Трамп не е никакво изненадување, и претходно беше најавувано дека неговата победа може да биде спречена само ако биде убиен, сметаат познавачите. Универзитетскиот професор по безбедност, Александар Нацев за Алфа вели дека во повеќе јавни излагања последниов период било најавувано дека може да дојде до вакво сценарио. Според него Трамп за милиметри остана жив, но на политички план добил многу по неуспешниот атентат

-Дури и во некои емисии, гостувања во живо беше и по некогаш некогаш напоменато дека може да го спречат Доналд Трамп само ако го убијат, да не речам дека тоа било некој вид пророштво. Но, тие изјави доаѓаат од луѓе кои се длабоко навлезени во внатрешната американса политика, кои што во прво лице ја осведочиле таа политичка поларизација. Многу доби, можеше многу да изгуби, бидејќи видете се работи за сантиметри, дури и за милиметри во овој случај, изјави Нацев.  

Според Нацев овие случувања ќе доведат до голема промена во текот на кампањата во САД, односно нема веќе да ги гледаме нападите и негативната кампања меѓу Трамп и Џо Бајден, кои ја одбележаа досегашната кампања.

Реклама

-Дури и Џо Бајден кој што имаше прилично остра реторика кон Трамп, ја намали таа реторика дури го нарече и по прво име, дека е загрижен за него и дека не треба да се дозволи да прерасне во нешто полошо, во некој конфликт итн. И самиот Трамп исто така најави дека неговиот следен говор кој што би требало, тој планирал да биде еден од најбруталните, најкритичките говори дека малку ќе го омекне, т.е. не малку дека повеќе ќе го омекне, дека говорот ќе го насочи кон обединување на нацијата, вели Нацев.

Дека Трамп само доби по неуспешниот атентат вели и новинарот Дејан Андоновиќ, кој догли години ја следи надворешната политика.

-Ми се чини дека по овој атентат, изборите, исходот од изборите е веќе поизвесен, во однос на периодот пред да се случи тоа, особено што по овој атентат, обид за атентат поизвесно е дека на Трамп му се отвора простор да биде реизбран на претседателската функција. Се разбира ова само му ги зголемува шансите, ќе почекаме за три и пол месеци да видиме што ќе биде. Многумина во светот, меѓу кои еве и јас сметаме дека исходот од изборите веќе е извесен, изјави Андоновиќ.

Според познавачите рејтингот на Трамп беше повисок од на Бајден и пред атентатот, пред се поради јавните настапи на актуелниот претседател на САД, кои изобилуваа со низа гафови.

Матеја Петровски