Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Неславен јубилеј за Македонија: 20 години во чекалната на ЕУ- од Брисел позитивни пораки за 2025-та

Македонија одбележува неславен јубилеј, 20 години во чекалната како земја кандидат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија одбележува неславен јубилеј, 20 години во чекалната како земја кандидат за членство во Европската унија. Време е во соработка со Брисел, конечно да се започне напредокот кон ЕУ и старт на преговорите за земјава. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, им порача дека Владата во текот на минатата година активно работела во делот на клучните сегменти за напредок, односно борбата со корупцијата, условите во правосудството, владеењето на правото, но и другите важни реформи кои се дел од европската агенда. Членството во ЕУ останува клучна цел за власта, а на реформскиот процес активно ќе се работи и годинава.   

-Ве уверувам дека нашиот фокус како Влада ќе биде уште посилно завртен кон спроведување на реформите во клучните области, како владеењето на правото и правосудството, посветена и неселктивна борба против корупцијата, особено онаа од висок профил, унапредување на ефикасноста на институциите, реформата на јавната администрација и секако зајакнување на економските капацитети на државата. Оваа 2025-та година одбележуваме за жал еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус, точно две децении во кои донесовме серија на крупни одлуки, изјави Муцунски.

Македонија има одлична реформска агенда, основ за позитивна 2025-та на патот кон Европската Унија. Во Брисел со новата администрација проширувањето доби нова енергија, порача евроамбасадарот Михалис Рокас. Македонија во текот на минатава година, која иако беше изборна, покажала волја за напредок на европскиот пат. Поради тоа Рокас вели дека иако вакво нешто не е чест случај на старт на една година, може да испрати позитивни пораки кон државава. Заедно работеле многу, вложени биле напори за градење мостови, а доказ за тоа е и стартот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Изрази задоволство што во негово присуство бил отворен експресниот пат Градско- Дреново, дел од Коридорот 10.

Реклама

-Имаме одлична платформа со која можеме да работиме, реформската агенда е одличен документ, но исто така содржи и важни квадратчиња кои треба да се штиклираат во 2025-та година. Како што знаете имаме ново водство во Европската Унија, процесот на проширување беше реенергизиран и беше во фокусот на агендата, изјави Рокас. 

Рокас порача дека се гледа напредок во реформската агенда, но дека има уште работа и изрази надеж дека во текот на годинава ќе видиме видливи резултати. Сепак главна пречка за Македонија на европскиот пат се бугарските барања, кои според многумина се нерационални. Муцунски оценува dека државата треба да се цени врз она што го постигнува, а не врз билатералните прашања, кои се целосно спротивни на европските вредности.

-Патот напред не води преку константа билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања кои имаат малку заедничко со сржта на европската идеја и нејзините вредности. Напротив, потребна е геополитичка одговорност и одлуки кои ќе зближуваат, наместо да не делат, кои ќе градат мостови цврсто втемелени врз сето она што го споделуваме и сето она што не поврзува, изјави Муцунски.

Македонската Влада јасно кажа дека бугарските уцени и условувања се неприфатливи и дека се бараат гаранции од ЕУ, дека билатералните проблеми повеќе нема да бидат пречка. Се бараат уставни измени со одложено дејство, односно влезот на Бугарите во Уставот да биде пред ратификувањето на влезот на државава во Унијата.

Матеја Петровски