Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нема веќе фудбалче и кошарка: ВМРО-ДПМНЕ најавува реформа и во т.н. Министерство на Артан Груби

Нема веќе фудбалче и кошарка во владините канцеларии, ќе има реформи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе фудбалче и кошарка во владините канцеларии, ќе има реформи и ефикасна служба во функција на граѓаните. Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски најави трансформирање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, познато како министерството на Артан Груби. Во иднина тоа ќе стане министерство само за односи меѓу заедниците, бидејќи политчкиот систем опфаќал многу поширок круг на делување.

-Мислам дека нема да постојат прв и втор вицепремиер. Планираме една мала реконструкција во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и мислам дека во оваа насока граѓаните ќе бидат нависитна задоволни. Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, има спортски сали за тоа. Вториот дел мене како правник навистина ми пречи тоа што Министерството се нарекуваше за политички систем, кога знаеме дека сето ова што ние го работиме е политички систем. И Собранието е политички систем, и Владата, и судовите ако сакате, тоа е поделба на власта кај нас, изјави Андоновски.

Дека нема да биде ништо како што беше досега е јасно. Но она што се уште е нејасно е како ќе изгледа составот на новата Влада. ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека обезбедила 61 пратеник што и дава  комоција во преговорите со албанската опозиција.

Реклама

Од пред неколку дена се водат и конкретни преговори за коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди. Арбен Таравари кој заедно со другите лидери од  „Вреди“ беше на средба со Албин Курти, за јавниот сервис на Косово кажа дека новата Влада би требало да биде формирана во првата половоина од јуни, а кон крајот на мај планирано е да се конституира Собранието. Најавува дека ќе имале значителен број министерства, како и спикер на Собранието.

-Верувам дека една од трите главни функции во државата, односно претседателот на парламентот, ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено за оние области каде што имаме експерти. Кога ќе се конституира парламентот, претседателот на државата мора да даде мандат за формирање влада. Во првата половина на јуни, сигурно ќе имаме нова Влада, изјави Таравари.

Додека албанската опозиција преговара да стане власт, ДУИ некако тешко го прифаќаат фактот дека заминуваат во опозиција. Се жалат дека одлуките за прегласување биле договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со цел нив да им се одземеле пратеници. Повторно почна да споменува можни меѓуетнички тензии.

-Ако договорот меѓу партиите и понатаму се одвива без да учествува фронтот и опозицијата, се плашиме дека ќе има влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме. Ние сакаме да има некакво нивно придвижување, за што сме инвестирале доволно во ова место во оваа држава, 22 години по ред. Така што ние ќе правиме анализа, бидејќи ова повторување што ќе се прави се прави со една ризична позадина, ризично е тоа што се прави, бидејќи може да не стави во состојба на братоубиство, како што тоа сега се прави во едно избирачко место во Желино, изјави Ахмети.

Владината реформа на ВМРО-ДПМНЕ предвидува и две нови министерства- за енергетика, рударство и минерални суровини и за спорт. Целта на првото е Моинистерството за економија многу слабо ја вршеле работата, а планот е и досегашната агенција за млади и спорт да се трансфомира во Министерство, а секторот млади да влезе во социјална политика , демографија и млади. Ресорот турд да влезе во Министерство за економија и труд, а од таму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура.

За реализација на плановите на ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде потребно двотретинско мнозинство во Парламентот. Нивната идеја е да не се зголемува бројот на вработени, но ќе има реорганизација се со цел новите институции да бидат пофлексибилни и максимално да им служат на граѓаните.

Матеја Петровски