Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нема одговор од полицијата каде се петмината приведени за случајот со исчезнувањето на Вања – пред судија или дома?

Полицијата не открива што се случува со петмината приведени под сомнение за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата не открива што се случува со петмината приведени под сомнение за поврзаност со исчезнувањето на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Согласно законот, во рок од 24 часа тие мора да ги изведат пред судија на претходна постапка, кој пак би одредил мерки за претпазливост, како затворски притвор, одземање пасош, домашен притвор или други мерки со кои ќе се ограничи нивното движење или пак, доколку немаат доволно докази против нив, да ги ослободат. На прашањето на Алфа, каде во моментов се петмината приведен, од МВР не ни одговорија, во една реченица информираат само дека работат на расчистување на случајот.

  • „СВР Скопје интензивно работи на расчистување на случајот. По расчистувањето, соодветно ќе ја информираме јавноста. – Велат од МВР.

    Како од Министерството за внатрешни работи, така и од јавното обвинителство решија само кусо да ни одговорат без споделување на повеќе детали дека постапката уште била во рацете на полицијата.
  • „Постапката се уште е во фаза на полициска истрага. Кога ќе има повеќе информации, ќе ги сподлеиме со вас.“ – Ни одговорија од ОЈО.

Во моментов исто така не е јасно дали е извршен претрес во нивните домови. Со наредба од суд, полицијата може да изврши пребарувања на домовите, возилата или други места поврзани со приведените лица за да се најдат докази кои би можеле да бидат клучни во истрагата. Министерот Спасовски вчера објави дека запленет е еден автомобил поврзан со исчезнувањето на Вања, кој во моментов се вештачи.

Досега, во рамки на истрагата за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска, во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сведоци, прегледани се видеа од 50 камери, следен е сигналот на телефонот, пребарани се манастири, како и коритото на реката Вардар, а истрагата продолжува.

Реклама

Инаку, 14 годишната Вања Ѓорчевска е висока 175 сантиметри, со кафени очи и темно кафена коса. Носи протези за заби и има бемка на десната страна од лицето. Исчезна во понеделникот во утринските часови на пат кон училиштето Песталоци.

Никола Цветкоски