Реклама

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Прилози

Нема место за химната во агендата на директорката на Мерко во струшкото ушилиште Браќа Миладиновци

За влакно избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на основното училиште “Браќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За влакно избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на основното училиште “Браќа Миладиновци”  во Струга. Незаконски поставената директорка Албана Жута забранила да се пее македонската химна,свеченоста ја започанала со албанска песна а во говорот кој го одржала на албански јазик направила груб фалсификат на историјата, величајќи гофашистичиот период во кој Струга била под италјанска окупација,чиј соработник била Кралска Албанија.По овој недоличен чин родителите македоци се обиделе да го прекинат говорот на директорката.На аматерката снимка која ја обезбеди Алфа јасно се гледа острата реакција на дел од професорите.

-Срамота,не, не,овој говор нека престане.Директорке, директорке,не е во ред, не е во ред

Секој кој што се обидува на ваков начин да направи раздор меѓу стружани, посебно на национална основа,ќе ја почувствува жестокоста на стружани вели Никола Кукунеш, родителот кој се обиде да ја замолчи директорката.

Реклама

 Директорката на училиштето и покрај тоа што и беше посочено дека не смее да меша историски факти и околности посебно оној дел кога Струга за време на Втората светска војна е под окупација на Кралството Албанија и фашистичка Италија на Мсолини,се повика на тоа дека училиштето Браќа Миладиновци има континуитет уште од училиштетото битолски конгрес отворено во 1941 година, тоа е историски конструкт без преседан”- вели Никола Кукунеш-родител

Ова е ДУИ во опозиција, од петни жили се трудат да напрват етнички раздор и нетрпение,стои во соопштението од Иницијативата за граѓанско будење „Разбуди се“.ВМРО ДПМНЕ бара извршната власт веднаш да му ги одземе ингеренциите на Мерко во образованието,а најавуваат и поднесување на кривични пријави.

Забраната за интонирање на државната химна од страна на директорката на основното училиште Браќа Миладиновци и нејзиниот скандалозен говор со доза на иредентизам и шовинизам е доволна причина за нејзино разрешување од страна на градоначалникот на Општина Струга кој ако не го стори тоа уште во текот на денешнот ден само ќе го потврди фактот дека тоа е вистинската причина поради која дотичната е именувана за директорка.Ова е невиден скандал за кој таа мора да понесе и кривична и граѓанска одговорност”-вели Ален Деребан претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Единствена светлина на дебаклот кој го диживеа чествувањето на овој значаен настан за стружани се основците кои на сиот глас гордо ја испеаа македонската химна

Росица Голабоска