Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нема маж да пише на Грција: Ковачевски, Пендаровски и Османи не направиле ништо да спречат „притвор“ на македонските граѓани

Веројатно никој од Македонија, ниту Владата, ниту претседтелот, ниту МНР воопшто не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веројатно никој од Македонија, ниту Владата, ниту претседтелот, ниту МНР воопшто не се обиделе да побраат од Грција продложување на рокот и да го спречат овој таканаречен притвор за македонските граѓани. Молчи Ковачевски кој додека беше премиер не направи ништо, молчи и Османи, краток одговор само од кај Пендаровски. Од Владата се повикуваат на изјавата на техничкиот премиер за овој слулчај, но таму нема ниту збор за ова.

-Во однос на потребите за комуницирање со надвор секако дека се преземаат организициски процедури да се обезбедат соодветни документи и процедури за издавање на соодветните документи. Се надеваме дека 650.000 илјади граѓани истиот ден денеска ниту имаат потреба, ниту можност да ја напуштат државата, велат од Влада.

Ниту од МНР не одговораат дали имале официјална комуникација со Грција. И тие се повикуваат на старо соопштение.

Реклама

-По сила на закон тие стануваат невалидни. Ние немаме обврска да ги информираме другите земји. Има едно писмо во кое Грција ги има информирано сите држави, дека после 12-ти влегува во сила оваа обврска, велат од МНР.

Одоговор само од кај Пендаровски, да сме се повикале на претходнит став, дека не е негова обврска тоа да го бара од Атина. Истиот тој Пендаровски кој пред само еден месец храбро бараше пролгонирање на рокот.

-Значи ние со добра волја јавуваме во Брисел ова ќе го промениме од технички причини бидејќи не можеме да стигнеме, во смисла на минус 10 да ги малтретираме луѓето да чекаат пет саати, а им велиш дојдете утре или задутре. Што кошта?, кажа Пенадаровски на 9-ти јануари годинава

Тоа беше причина контра Пендаровски да отиде Ковачевски, наместо да се јави во Грција и да се обиде да најде решение на проблемот, тој реши обврската да ја префрла кај претседателот.

Инаку, она што е можеби главната причина што сега се доведе ситуација до момент да 100-тици илјади граѓани не можат да ја напуштат државата е тоа што МВР издаваше пасоши со Република Македонија до пред две години, иако државата името го промени пред дури пет години.

Матеја Петровски