Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нема крај на хаосот со јавниот превоз: Четири автобуси на „ЈСП“ изгореа за само шест месеци, граѓаните револтирани

Четири автобуси на ЈСП целосно изгореа само во изминатите шест месеци. Нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири автобуси на ЈСП целосно изгореа само во изминатите шест месеци. Нема крај на хаосот со јавниот градски превоз. Откако викендов целосно изгоре уште еден автобус на „ЈСП“ во Сопиште граѓаните го креваат гласот.

Револтирани се бидејќи никој не води сметка за безбедноста со јавниот градски превоз. Пред камерта на „Алфа“ велат дека се плашат да се возат во нив, но друг избор немаат. Бараат од надлежните поголема свесност и ажурност, затоа што нивните животи се доведени во прашање.

Возниот парк на „ЈСП“ не е променет повеќе од една деценија, па затоа се почесто се случиваат хаварии. Сите автобуси кои до сега изгореа беа со патници, но за среќа не се случи поголема трагедија. Синдикатите предупредуваат дека во моментов само 40% од автобусите се исправни.

Реклама

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, ги отфрлија изјавите на директорот на „ЈСП“, Кушевски за некаква саботажа. Побара истрага за последниот случај во Сопиште каде изгоре автобусот со број 58.  

„Директорот кажува дека некој политички му го запалил автобусот. Па еве обвинителство, судииве, овие што ги напаѓаме, нека каже како политички бил запален. Зошто на нас шоферите ни кажуваат дека моторите целите се со масло и не се променети. Да видат дали можеби од тоа се запалил“, изјави претседателот на КСОМ, Марјан Ристевски. 

„ЈСП“ минатата година од Европската унија доби шест еколошки автобси кои се уште стојат во гаражите. Кушевски рече дека постапката за нивно осигурување е завршена и сега се очекува само регистрацијата за да се пуштат во сообраќај.

Инаку во јули минатата година се запали автобус на „ЈСП“ во Бутел. Причината тогаш беше електрична инсталација. истиот месец претходно се запали мотор на автобус во Транспортниот центар кај Железничка, а во ноември минатата година гореше и возило на „ЈСП“ во Злокуќани.

Љубиша Владимиров