Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонија

Нема информации за македонски туристи загрозени во пожарите во Хрватска, невидени во поновата историја на земјата

Засега нема информации за Македонци – туристи кои имаат потреба од помош…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засега нема информации за Македонци – туристи кои имаат потреба од помош во опожарените подрачја во Хрватска. Според хрватските медиуми, вакво нешто не се памети во поновата историја на земјата. За само два часа синоќа, големиот пожар кај Омиш голташе делови од градот и зад себе остави изгорени десетици куќи и автомобили. Повредени се речиси 40 луѓе, од кои десет се наоѓаат на интензивна нега, најголем дел се во животна опасност, а повеќе од 200 лица се евакуирани, додека противпожарните екипи со часови се бореа против стихијата која доби уште поголема моќ поради силниот ветер.

Според зборовите на заменик-градоначалникот на Омиш, Иван Пивчевиќ, штетата е огромна. Изгореле десетици возила на Јадранската магистрала, како и многу куќи и тврдината Фортица. Сообраќајот на таа делница е во прекин.

Пожарот, кој изби во Локва Рогозница кај Омиш синоќа околу 20 часот, според последните информации, пожарникарите успеале да го стават огнот под контрола.