Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Нема гарнција дека поддршката на советниците за скопките јавни претпријатија ќе значи и крај на проблемите на скопјани

Нема никаква гаранција дека ни по 29 август кога советниците ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема никаква гаранција дека ни по 29 август кога советниците ќе ја изгласаат програмата на Арсовска за санирање на хаосот во Скопје, метрополата ќе профункционира нормално. Јавните претпријатија ЈСП и Комунална хигиена ќе добијат средства за поправка на 30 автобуси и ангажирање на диополнителен персонал за чистење на отпадот, но дали тоа ќе биде доволно оттаму не даваат конкретен одговор. Од ЈСП за Алфа велат дека ќе направат се за да стават повеќе автобуси во оптек но нема никаква гаранција дека скопјани нема да мораат и натаму да чекаат со часови на јавните постојки.

„Значи ние ќе направиме се што е во наша моќ да се стават повеќе автобуси во сообраќај. Но тука зависат низа фактори. Бидејќи се работи за краток временски период некои од автобусите се сервисираат надвор од сервисите на ЈСП, а другите што се сервисираат тука чекаме одредени делови од добавувачите. Во котенкст на тоа имаше и дека ќе се одредеи одредена финансиска помош за ЈСП за да може да се сервисираат тие автобуси, значи работите се малце покомплексни, не може никој да ви даде гаранција, но условно мислам дека ќе успееме голем дел од автобусите, од тие 30 да ставиме во оптек“, рече Драги Кушовски, директор на ЈСП.

Од Комунална хигиена и новиот директор засега не добивме никаков одговор дали по изгласувањето и ангажирањето на новите 120 сезонски работници, конечно ѓубрето ќе се собира навреме и скопјани нема да мора да гледаат преполните контејнери и расфрланиот отпад околу нив.

Реклама

По вчерашниот состанок со градоначалничката Арсовска, претседателот на Советот во градот Скопје, Трајко Славески, рече дека Владата била подготвена дел од средствата кои што стојат неискористени наменети за инфраструктурен проект, да ги префрли на ЈСП за рехабилитација на одреден број на автобуси. Но, за него е нејасно зошто јавните претпријатија досега не правеле ништо со застаерната механизација иако од страна на Советот имале одобрени инвестициски планови.

По вчерашниот состанок со советниците на Град Скопје градоначалничката Арсовска ги избегна новинарите. Премиерот Мицкоски кој лично се ангажираше за да се среди хаосо, повика советниците да го поддржат планот, но изрази сомнеж дека со тоа и навистина ќе се решат проблемите на Градот кои ескалираа под раководството на Арсовска. Мицкоски ја повика градоначалничката да создава пријатели, наместо непријатели.

Љубиша Владимиров