Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Нема „абер“ од новата зграда на театарот во Струмица, почна да се гради во 2014-та година

Се распага и тоне зградата на Центарот за култура во Струмица. Објектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се распага и тоне зградата на Центарот за култура во Струмица. Објектот стар повеќе од 35години каде што е сместен и театарот е оставен на забот на времето. Испукани ѕидови,влага, студени ходници …во вакви услови творат струмичките уметници..

Ваква е сликата после секој дожд. Кровот протекува, па овие кофи во кои се собира дождовницата се само лош предвесник на она што публиката ја очекува во главната сала.

Уништен сентилон, скршени,искинати па крпени, во вакви седишта седи публиката додека го гледа продуктот на стрмичките уметници..

Реклама

Студот им е најголемиот непријател. Со нафта се затоплуваат само салите, додека останатите простории се загреваат со кварцни печки. Но и во вакви услови годинава имат пет премиери и над 300 ликовно-музички настани.

Единствен спас на актерите од лошитеуслови им е обновата на старо- новиот театар,но досегашната динамика на градба одамна им ја уништи и последната надеж. Изградбата почна во 2014 и требаше да биде готов за само 18 месеци.

Дека условите за работа не се најсјајни, потврдува и првиот човек на Центарот за култура. Бараат итна децентрализација на институцијата, и зголемување на годишниот буџет. Објаснуваат дека со сопствени средства успеваат само да ги замаскираат недостатоците..

Зошто речиси шест години се доцни со изгадбата на струмичкиот театар Алфа побара одговор од ресорното министерство од каде прстот го вперија во струмичкиот Музеј кој се јавува како инвеститор на објектот.

Сепак според сознанијата на министерството изградбата ја пролонгираат проблемите со стручниот надзор кој не ги одобрува или се одобруваат со задоцнување обрасците за набавка на материјали и опрема.Од музејот пак бараат, недоразбирањето помегу изведувачот и надзорот правно да се разреши.

И додека надлежните едни на други си ја префрлаат топката на струмичките актери не им останува ништо друго, освен да создаваат уметност во влага и зграда која се распага.

Александра Ристевска