Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Некогашната касарна во Охрид ќе стане дом на полицијата

Просторот на некогашната касарна во Охрид кој повеќе од деценија беше целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просторот на некогашната касарна во Охрид кој повеќе од деценија беше целосно запуштен, добива нов лик. Во еден од поранешните објекти со најспецифична архитектура кој датира од 1959-та година, ќе се вдоми полицијата. Локалната власт и министерството за внатрешни работи ги препознаа потенцијалите на историскиот комплекс кој беше еден од најголемите во Македонија,но зјаеше празен откако во 2011-та година се исели и последнот војник. Во 2022-ра година на МВР и се доделени дел од објектите во касарната кои не се користат.

 “Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите потребни чекори за да го стави во фунција како што доликува, заради тоа што овој капацитет како таков во рамки на моменталната состојба која што е и тоа како задоволува одредени услови од аспект на технички карактеристики  и со обезбедени  финансиски сретства од идната влада на Република Македонија, ќе може да го ставиме во фукција како што доликува“, вели Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Послан на површина од 23 хектари,денешниот процент на изграденост во комплексот на касарната е само 4,5%.Затоа локалната власт планира да го заживее овој дел од градот кој се наоѓа на 2 километри од центарот,а е буквално мртов. На дел од парцелите веќе се  прави најголемиот авантуристички парк во Југоисточна Европа.

Реклама

И додека касарната добива нови содржини, напоредно со дислокација на полицијата,допрва ќе се бара соодветно решение за преместување и на затворот како и на пожарната.

“Кога и да се разговара и логички да се гледаат работите, повеќе гужва се создава таму каде што пожарната, полицијата а и затворското одделение се наоѓаат како подрачје отколку што тие реално можат да функционираат”, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид

Со дислокација на овие три објекти кои се наоѓаат едно до друго во строгиот центар на градот, сеослободуваат најатрактивните локации.Според најавите на министерот Тошковски, засега планирано е на местото на полицијата да се направи убав парк и подземна гаража,нешто што за градот исто така е насушна потреба.

Росица Голабоска