Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Неисчистените замрзнати тротоари го земаат данокот, болниците се полнат со пациенти со скршеници

Мразот и снегот си го земаа данокот. Скршениците на нога или рака,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мразот и снегот си го земаа данокот. Скршениците на нога или рака, како и други повреди од паѓање на мраз ги полнат трауматолошките центри. Откако падна првиот снег во Скопје, но и цела Македонија двојно е зголемен бројот на луѓе кои имаат скршеници велат ортопедите. И ренген службата деновиве е една од најактивните каде се снимаат пациентите кои имаат мака со фрактура на екстермитети. Најчести повреди биле скршеници на подлактици и на подколеница. Кај повозрасната популација има повреди и на колковите. Лекарите со аларм до граѓаните внимателно да се движат по замрзнатите патишта, посебно за повозрасните доколку немаат потреба да не излегуваат надвор.

“За несреќа зголемен е бројот на слчаи со скршеници.Оние скршеници кои се од пад од излизгување и од невнимание.Кај постарите луѓе најчести фрактури се на рачниот зглоб, на рамото на колкот и на подколеницата” вели д-р Каревски, ортопед.

Д-р Каревски вели дека на трауматолошкиот оддел во ГОБ “8-ми септември” за оперативни зафати не се чека многу, но секоја хирушка интервенција зависи од болестите на пациентот и сериозноста на повредата.

Реклама

“Чекањето зависи од многу фактори, ако имаме наплив…ние се трудиме, салите работат малтене 24 часа, нели секогаш е проблем анестезиолошки тим, претходното здравје кај пациентите особено ако се во поодмината возраст треба да се направат претходни испитувања, пред операција…чекањето е од случај до случај.Со материјали, болницата е обезбедена со се што треба” вели ортопедот Каревски.

Поради ваквото време, докторите очекуваат бројката на граѓани со скршеници на екстремитетите да се зголемува.

По најавите на хридрометеоролозите дека во наредните денови температурата ќе падне и повеќе од десетина степени под нулата, а тоа ќе доведе до голомразица лекарите апелираат на внимателно движење.

Дополнителен проблем кај граѓаните е и и загадениот воздух, кој снегот не го исчисти. Скопје сѐ уште е загаден повеќе од дозволеното, најзагаден град утрината беше Битола со индекс 102.

Струмица која изминатиот период беше екстремно загадена и денеска е со индекс од 71.Умерено загадени градови денеска се и Кавадарци, Велес, Гостивар и Тетово.